(Видео) Турски Togg претстави нов модел на саемот во Лас Вегас

70

Турскиот бренд за електрични автомобили Togg го претстави својот нов модел на седан на големиот саем за потрошувачка електроника CES 2024 во Лас Вегас во САД, јавува Anadolu.
„Моделот, со линии „fastback“ се вика „T10F““, објави компанијата на социјалната мрежа X.

Компанијата Togg го претстави првиот прототип на електрично возило во Турција во декември 2019 година.

Во 2022 година, компанијата ја започна фазата на масовно производство на својот прв модел, T10X, и почна да го испорачува до клиентите минатата година.

Досега се испорачани околу 20.000 автомобили T10X.

Целта на компанијата е да произведе еден милион возила, пет различни модели, до 2030 година.

Togg, кој стана симбол на високотехнолошкиот напредок во Турција, се очекува да претстави нови модели во наредниот период.