Видео: Во Дубаи е отворен најдлабокиот базен за нуркање во светот

203

Во Дубаи е отворен најдлабокиот базен за нуркање во светот, a посетителите ќе можат да се спуштат на длабочина од 60 метри.

Deep Dive Dubai влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдлабокиот базен за нуркање во светот. Има еквивалент на шест олимписки базени и исполнет е со 14 милиони литри вода.

Не станува збор за обичен длабок базен, дизајниран е како возбудливо место за истражување. Во него се крие потонат град и простор за забава.

На различни длабочини нуди различна забавна содржина. Базенот го снимаат и надгледуваат над 50 камери со што безбедноста е на врвно ниво.

За оние кои не сакаат да нуркаат, покрај базенот има ресторан од каде може да се набљудуваат нуркачите кои го истражуваат Deep Dive Dubai.

Фото: Facebook