Видео: Во Хрватска започна изградбата на мегакампусот Римац

102

Започна изградбата на кампусот Rimac во Керестинец, Хрватска. Кампусот ќе се простира на 200.000 квадратни метри и ќе вклучува истражувачки центар, тест -патека, музеј, производствени капацитети, конференциска сала, продавници за облека, спортски и рекреативни објекти за вработени, сместување, па дури и градинка.

Подготовките за проектот вреден 200 милиони евра започнаа во 2019 година, а се очекува проектот да биде завршен во 2023 година, според Croatia Week. 

“Пред речиси 10 години, само јас работев во оваа компанија во гаража, и оттогаш порасна на околу 1.000 вработени, вели Мате Римац. За тоа време, компанијата разви партнерство со Porsche, Hyuindai Motor Group и други големи имиња во автомобилската индустрија, објаснува Римац.  Компанијата е посветена на развој на бизнисот во Хрватска. Горди сме што сме тука и дека новата локација ќе биде нашиот втор дом, додаде ентузијастички сопственикот на кампусот.

Комплексот го дизајнираше хрватското архитектонско студио 3LHD и ќе биде база за истражување, развој и производство и ќе ѝ овозможи на компанија да расте и напредува.

За разлика од повеќето локации на коишто се сместени автомобилски компании, каде што се поставени високи огради, кампусот на Римац ќе биде отворен за јавноста и ќе понуди интеракција со посетителите, гостите, вработените и љубопитните луѓе.