(Видео) „Заробени“ над 8.000 луксузни автомобили

205

Поради воведените санкции кон Русија, повеќе од 8.000 нови луксузни автомобили се паркирани во пристаништето Зибриж во Белгија речиси еден месец.

Според странските медиуми, станува збор за луксузни автомобили кои пристигнале по морски пат од Азија на почетокот на април и требало да бидат претоварени и транспортирани во Русија.

Станува збор за серија луксузни модели, од американскиот Cadillac, јапонскиот Lexus, Mercedes…

Покрај автомобили, на пристаништето има и друга стока која остана заглавена поради санкции.

Досега се запрени околу 1.100 контејнери кон Русија, тврдат неименувани извори од управата на пристаништето.

Кога станува збор за автомобилите, се претпоставува дека тие ќе се транспортираат на други пазари.

„Автомобилите веројатно ќе останат тука додека не најдат купувачи на други пазари. Не знаеме кои се купувачите во Русија или кои моментално поседуваат. Овде има место за 10.000 возила“, рече Марк Адриансенс, директор на терминалот за претовар на пристаништето. .

Зибриж е едно од најголемите пристаништа за претовар и пренос на возила со годишен обрт од дури два милиони возила и паркинг простор за 210.000 возила.

Но, во меѓувреме се воведени построги санкции со кои се забранува извоз на возила вредни над 50.000 евра.