
На листата на конгресни престолнини за 2024 година (ICCA-Меѓународна конгресна асоцијација), главниот град на Австрија го зазеде првото место во светот, пред Лисабон и Сингапур.
Во текот на минатата година, во Виена се одржаа 154 конгреси, кои, според градоначалникот Михаел Лудвиг, донесоа 1,3 милијарди евра во градот и обезбедија 23.500 работни места, пренесува Бета.
Вкупно 6.619 конгреси и деловни состаноци беа одржани во Виена во 2024 година, со околу 670.000 учесници и 1,9 милиони ноќевања.
„Нашата цел е секоја десетта ноќ во градот да биде резултат на конгрес или деловен состанок“, нагласи директорот на Виенската туристичка организација, Норберт Кетнер.











