Виена: Иновативен кварт со „плус енергија“: има геотермални бунари, извори, топлински пумпи

121

По двегодишно интензивно планирање во главниот град на Австрија, во општината Донауштат, почна да се работи на првиот пилот проект на областа со „плус енергија“.

Новата населба „Campo Breitenlee“ со енергетскиот концепт на иднината ќе има 100 отсто обновлива енергија, 557 субвенционирани станови, 31 локал, градинка и лекарска ординација.

Проектот за одржливо домување „Campo Breitenlee“ е иновативен пример за висококвалитетно домување. Високо иновативниот енергетски систем на областа овозможува снабдување со 100 проценти локално произведена обновлива енергија за греење и ладење благодарение на геотермалните бунари, термичкото активирање на структурата на зградата, изворите, топлинските пумпи и фотоволтаичните постројки.

Благодарение на ваквите и слични проекти, Виена станува пример за декарбонизација на урбаните средини. Исто така, овој проект ќе послужи за подготовка на законска регулатива за изградба на идни вакви квартови со „плус енергија“. Комплетното завршување на работите е планирано за летото 2024 година.