Виена ќе ја добие првата 84-метарска висококатница од дрво

39

Wooden skyscraper

Австриската престолнина наскоро ќе ја добие првата висококатница во светот изградена од дрво, пишува The Guardian.

Зад овој проект стои група од архитекти од Австрија, чиј предизвик ќе биде да ја изградат највисоката зграда од 84 метри од дрво до следната година во новиот кварт во Виена – Асперн. Во ова архитектонско здание ќе бидат сместени апартмани, ресторан, хотел, велнес центар и деловен простор, а неговата вредност се проценува на 60 милиони евра.

“Мислам дека е потребно сите да почнеме да размислуваме поинаку. Имаме дрво што е совршен градежен материјал. Дрвото е користено и во минатото и е еднакво совршено како и денес“, вели Каролина Палфи, проектант на оваа висококатница.

An apartment in the HoHo skyscraper

Три четвртини од зградата ќе бидат направени од дрво, со што се очекува емисијата на штетни гасови да се намали за 2.800 тони. Тоа одговара на секојдневно 40-километарско возење со автомобил во текот на 1.300 години.

Идејата за користење на дрвото како основен градежен материјал ги загрижи противпожарните служби во Виена, кои сметаат дека заедно со надлежните архитекти ќе мора да ја тестираат идејата.

“Сите сакаат да градат што е можно повеќе згради. Зграда висока 84 метри не е вообичаена за Европа, па постојат многу работи што мора да се земат во предвид. Ние сме вознемирени бидеќи сметаме дека не е во ред да се реализира ваква идеја без да се консултираат сите засегнати страни“, вели портпаролот на противпожарната служба на Виена, Кристијан Вегнер.