Виена повторно прогласена за најдобар конгресен град

11

Меѓународната конгресна асоцијација (ICCA) објави листа на најдобри конгресни градови за 2022 година. Виена повторно го зазеде првото место, пред Лисабон и Париз, благодарение на бројот на организирани конгреси.

Во 2022 година во Виена се одржале 162 конгреси, додека во Лисабон имало 144, а во Париз 134. Следни на листата се Барселона, Прага, Мадрид, Берлин, Атина, Брисел и Лондон.

Ова е прва година по пандемијата на корона вирусот што здружението ги зема предвид само конгресите што се организираа на лице место. Во претходната година на ранг листата се најдоа и хибридни конгреси.

„Ова е најдобрата година за виенската конгресна индустрија од избувнувањето на пандемијата. Предностите на градот  се буџетот од осум милиони евра, локации и сместувачки капацитети“, изјави Петер Ханке, член на градскиот совет и претседател на Виенската туристичка организација.

„Заземањето на првото место во глобално, исклучително конкурентно опкружување уште еднаш ја докажува одличната соработка на сите вработени во виенската конгресна индустрија. Годинава имаме 17 големи конгреси со над 3.000 учесници, како и четири со над 10.000 учесници“, додаде Норберт Кетнер, директор на Виенската туристичка организација.

Фото: Pixabay