Виенскиот економски институт ни прогнозира економски раст од 2,5% годинава

36

Војната во Украина поинаку влијае на економиите на 23 земји во Централна, Источна и Југоисточна Европа, според Виенскиот економски институт (WIIW). Во новата прогноза, Институтот предвидува помал економски раст во Источна и Централна Европа, длабока рецесија во Украина и Русија, а за Македонија предвидува економски раст од 2,5 отсто оваа година.

Пролетната прогноза на Виенскиот економски институт започнува од таканареченото основно сценарио за „статус кво“ и доколку војната дополнително ескалира и Европската унија воведе ембарго на нафтата и гасот од Русија, ќе се забележи економски пад во Источна и Централна Европа.

Во својата прогноза, WIIW предвидува економски раст на Србија од 3,6 проценти за оваа година. Се предвидува дека Албанија и Црна Гора годинава ќе пораснат за 3,5 отсто, Косово 3,3 отсто и БиХ 1,8 отсто.