
Виетнам и четири европски земји надвор од ЕУ потпишаа договор за слободна трговија во Ханој со цел диверзификација на пазарот.
Договорот доаѓа во време кога американските царини ја нарушуваат глобалната трговија.
Станува збор за договор меѓу најбрзо растечката економија во Југоисточна Азија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), која ги вклучува Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Со договорот се укинуваат или намалуваат царините, вклучително и оние за увоз на индустриски, рибни и земјоделски производи.
Беше потпишан во главниот град Ханој, во присуство на виетнамскиот лидер То Лам и претставници на владите на асоцијацијата ЕФТА, објави АФП.
Виетнам соопшти дека договорот ја покажува решеноста на страните да „го зајакнат трговскиот систем базиран на правила за време на континуираната нестабилност во глобалната економија“.










