Луѓето сакајќи да побегнат од секојдневието и да се заштитат себе и своето семејство од заразата што ја предизвикува Ковид-19, одлучуваат да купат викендичка некаде надвор од градот.
Според турски Хуријет, побарувачката за викендички е зголемена поради пандемијата. Просечната цена на една викендичка е зголемена за 25%, од 10-ти март оваа година, кога е регистриран првиот случај на заразен со коронавирусот.
Во меѓувреме, просечната продажна цена на сите видови на домови, од 10-ти март, е зголемена за 11% во споредба со периодот јануари – 11-ти март. Просечната цена на наемнините се зголеми за 6% низ цела Турција.
Податоците покажуваат дека и понатаму ќе расте интересот за купување викендички надвор од градските средини.
Фото: Pixabay