Пандемијата предизвикана од коронавирусот предизвика зголемување на побарувачката за викендички во Србија. Според податоците, во првите шест месеци од оваа година, во Србија се купени 551 викендичка, што е за 39% повеќе во однос на истиот период лани, пренесува Nova.rs.
Прометот на викендички, како што се наведува, за разлика од сите други недвижнини, има силен раст во првата половина од годината. За нивно купување, Србите одвоиле од 1.000 евра, колку што чини викендичка во Зрењанин, па до 253.000 евра, колку што е платена викендичка на Златибор.
Податоците покажуваат дека најмногу викендички се продадени во Војводина. Најголем интерес има за викендички чија цена надминува и 20.000 евра.
За шест месеци, вредноста на куќи, станови и други објекти и земјишта кои го промениле сопственикот, достигна 1,7 милијарди евра.
Фото: Freepik