Викендов реализирани околу 100 свадби, родендени…

23

Само за овој викенд од донесувањето на првите протоколи за организирање на веселби, од НУК за МИА информираат дека низ државава се организираа или е во тек организација на повеќе од 100 свадби, веселби, родендени и останати прослави.

Независната угостителска комора формираше сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија овозможувајќи на сите без дополнителен надомест да ги пријават односно евидентираат своите прослави согласно барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби.

Од НУК информираат дека регистарот е формиран со цел да излезат во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потреба на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите угостителски објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација на сите прослави.

“За секоја пријава во рок од 24 часа угостителите добиваат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во “угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби“, соопштија од НУК.

Со пријава во регистарот опфтени се сите видови прослави во сите угостителски објекти и евиденција и контакти на сите учесници и чинители на овие прослави со исклучок на листата на гости. Евиденцијата на листа на гости и распоред на маси за седење и понатаму е обврска на организаторот да ја достави исклучиво до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој од друга страна има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.

Фото: Pixabay