Панорамски поглед на Лонг Ајленд и островот Менхетен со неговите мостови се само дел од глетката во која може да уживате доколку сте сопственик на оваа вила.
Нејзиното име е Kings Point, а дизајнирана е од страна на најдобрите светски уметници и дизајнери. Вилата многу наликува на палата, се состои од три дела и зафаќа површина од 60.000 метри квадратни.
Градбата располага со дури 35 спални соби, 13 бањи, внатрешни и надворешни базени, терен за тенис, играчница и приватно пристаниште.
Сепак најимпресивно од сè е нејзината цена која изнесува неверојатни 100 милиони долари.