Вилата на Тито, најексклузивниот објект во Сплит, се изнајмува на 30 години

20

vila dalmacija

Вила Далмација, најексклузивниот објект во Сплит, претходно позната како Вилата на Тито, денес е во сопственост на градот, а градоначалникот најави дека ќе ја даде под наем на 30 до 40 години. Идниот корисник би имал обврска да инвестира во целиот комплекс и се да користи за туризам од висока класа, пет ѕвезди.

На инвеститорот ќе му биде понуден целиот комплекс од 13 хектари површина, со главната вила и четири помали згради. Планирано е реновирање, доградба, базен, уредување на плажата. Градот би наплаќал 50.000 евра месечно.

Поранешната резиденција на Тито има ретро гламур и историска приказна. Во времето на Тито во нејзиниот салон доаѓале бројни светски политичари, јавува Дневник.хр.