Шардоне Барик на Винарија Стоби го доби најпрестижното единствено признание, специјалната награда Шампион во категоријата бели суви вина, на 39 отворено меѓународно оценување на вина – Вино Словенија.
“Она што посебно не радува е фактот што Македонија како земја меѓународно важи како произведувач на квалитетни врвни црвени вина, додека заради превисоката температура во сегмент на бели вина бевме во делот на среден просек. Она што на земјата и недостига, Винарија Стоби го надополни со својата стручност и модерна технологија и затоа овој успех беше неминовен”, изјави Дане Јованов, генерален директор на Винарија Стоби.
Жестоката конкуренција, односно најдобрите бели вина од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Северна Италија, Австрија, Унгарија и Германија го прави овој успех на Стоби уште поголем, кој воедно е и најголемиот успех Винаријата досега, во своето петгодишното постоење.
Покрај Шампионот Шардоне Барик, Винарија Стоби доби уште 2 златни медали за вината Мерло Барик и Аминта и две сребрени медали за вината Сирах Барик и Вранец Веритас.
“Овие бројни награди за нас се воедно и признание и за нашиот вински регион и за Македонија воопшто и претставува потврда за нашата винска филозофија и за начинот на кој ги креираме врвните вина од Стоби винаријата. Секако дека успехот носи и голема одговорност да се одржи и продолжи со унапредување на квалитетот на нашите вина”, дополни Јованов.
Покрај Шампионската награда, златните и сребрените, годинава Винарија Стоби освои уште и Златен медал на Mundus Vini за истото вино Шардоне Барик и сребрен медал за Ркацители. Овие награди од Mundus Vini се само поткрепа на наградата добиена во Словенија, како големо признание за Ркацители како локална сорта, која во Македонија помалку е скоро заборавена.
Шампион со Мерло на меѓународното оценување на вина во Нови Сад, на балканскиот натпревар кој се одржува секоја година во Софија, освои два златни медали за вината Аминта и Мерло и една бронза за Вранец Веритас. На специјализираниот натпревар за најдобар вранец од Балканот кој се одржува во Кина, Вранец Веритас беше прогласен за најдобро вино од сортата Вранец на Балканот.
Исто така големо достигнување е и специјализираниот натпревар за најдобро вино од сортата Сирах, SYRAH DU MONDE, во Франција, каде Сирах барик од Стоби винарија доби сребрен медал за квалитет.
На најголемиот светски натпревар на вина DECANTER кој се одржува годишно во Лондон, Обединето Кралство, Мерло Барик освои бронзен медал и две препорачани медали за Вранец Веритас и Сирах барик.