По сумирањето на финансиските резултати од деловната 2012, како и од почетокот на оваа година, осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп, соопшти дека продолжува со одлични резултати, остварувајќи континуиран и стабилен раст од квартал во квартал.
Според соопштението Винер ја завршила измината година со приходи од 630 милиони денари (10,2 милиони евра) и со рекорден добивка од 32 милиони денари (520.000 евра), што е за 60% повеќе од претходната година.
Генералниот директор на Винер, Зоран Нарашанов, основата на постојаниот раст ја лоцира меѓу другото и во константното унапредување на високиот квалитет на услуга на клиентите, за кои вели дека се приоритет на компанијата.
“Акцентот кој го ставивме на ефикасното и брзо решавање на штетите е вистински начин уште повеќе да се зајакне супериорната постпродажна усуга по која клиентите го препознаваат Винер на пазарот. И покрај константното зголемување на обемот на работа, и засилувањето на тимот со најквалитетните и најперспективните кадри на пазарот, успешно ги контролираме трошоците што ни обебзедува рекорден профит”, вели Нарашанов.
Од осигурителнаѕа компанија додаваат дека се мошне задоволни што со успешната работа и одличните резултати успеале да придонесат групацијата на која припаѓа Винер, Виена Иншуренс Груп да ги зголеми инвестициите во Македонија и дека по преземањето на Кјуби Македонија, групацијата ќе го заземе лидерското место на пазарот.