Винер осигурување со најголем приход досега

56

viner-osiguruvanje Винер – Виена Иншуренс Груп денеска објави дека во јануари остварила бруто полисирана премија од 140 милиони денари, со што го забележала убедливо најдобриот почеток на годината во историјата на компанијата.

Од компанијата уште информираат дека остварената премија е речиси двојно поголема од истиот период минатата година.

Според Генералниот директор на Винер Осигурување, Зоран Нарашанов, остварениот рекорден резултат се должи на целосната ориентираност на деловните процеси на компанијата кон задоволството на клиентите.

„Нашата програма Сигурен во Винер, која се заснова на три основни постулати – беспрекорно брзо решавање на штетите, фер цена за секого и пријатни изненадувања за нашите клиенти беше одлично прифатена од граѓаните и компаниите, кои во се поголем број ни ја даваат довербата да се грижиме за нивната сигурност,“ изјави Нарашанов.

Според резултатите од осигурителниот пазар во Македонија за минатата година, Виена Иншуренс Груп ја заврши годината како убедлив лидер, со бруто полисирана премија од 1.414 милијарди денари.

Групацијата, која важи за водечки осигурувач на просторот на Централна и Источна Европа, на домашниот пазар е присутна преку Винер Осигурување од 2009-та година.