Професорот Жоу Беибао од Националниот универзитет во Сингапур измисли виолетов леб, пишува CNN.
Во последната деценија се водат безброј полемики околу хранливите вредности на белиот леб. Од таа причина професорот Беибао создаде виолетов леб, којшто е богат со антиоксиданси, подготвен од природни состојки и може да го земе приматот на супер – храна во светот.
Виолетовиот леб во човечкиот организам се вари за 20% побавно од вообичаениот бел леб.
“Главниот предизвик беше да се промени формулата за создавање леб, без да се загуби меката текстура што ја има белиот леб, а во којашто луѓето уживаат“, вели професорот Беибао.
Тој за подготовка на овој леб тој ги екстрахира антоцијаните од црниот ориз по што се додаваат останатите состојки за подготовка на белиот леб. На тој начин преку хемиска реакција се добива виолетовата боја. Антоцијаните може да се најдат и во зрнестите видови на овошје (брусница, капини, боровинки), како и во слатките компири. Овие состојки спречуваат кардиоваскуларни и невролошки заболувања, појава на рак и контрола на нивото на дијабетес.
Дури 80% од својствата на антиоксидансите се задржуваат и при печење на лебот на температура од 200 степени Целзиусови.