Вип оператор, одбележувајќи го Денот на планетата Земја, 22-ри април, на сите постпејд корисници им нуди можност да ги заменат хартиените сметки со електронски и на тој начин да ја унапредат животната средина.
Постпејд корисниците кои користат електронска сметка и оние кои од денеска ќе ги заменат хартиените сметки и ќе преминат на електронска сметка, добиваат одлична можност да станат потенцијални добитници на некоја од 100-те награди, меѓу кои Samsung Galaxy S4, велосипед, надворешен хард диск и десетици USB стикови, ранци и чадори.
Она што треба да го направат постпејд корисниците е да го искажат својот интерес и согласност за премин од хартиена кон електронска сметка преку некој од расположливите канали како продажните места на Вип, преку СМС порака на бројот 140410 или со пополнување на формулар поставен на интернет страницата на Вип www.vip.mk со што без никакви дополнителни трошоци влегуваат во извлекувањето на наградите.
Подеднаква шанса за награда имаат и корисниците кои веќе преминале на електронска сметка, со тоа што тие директно влегуваат во извлекувањето на наградите.
„Целта на оваа акција е сосема јасна – да ги мотивираме нашите корисници заеднички да придонесеме кон заштеда на природните ресурси, а преку тоа да влијаеме на заштитата на животната средина, од што полза ќе има целата заедница”, истакна Димитар Димитров, раководител на одделот за билинг и наплата во Вип.
Во исто време, Вип нуди уште една поволност за корисниците кои ќе преминат од хартиена кон електронска сметка. Имено, постпејд корисниците на тарифните модели Vip Free+ кои ќе ја заменат хартиената со електронска сметка имаат можност да добијат еднократен бонус од 200 денари кој ќе им биде евидентиран во наредната сметка.
Акцијата ќе трае една година, а во текот на овој период ќе бидат организирани четири извлекувања на најсреќните Вип еколошки свесни корисници.