Vip ќе инвестира 23 милиони евра во Србија

65

Vip-Srbija

Телекомуникациската компанија Vip Mobile планира да инвестира 23 милиони евра во Србија до крајот на годинава, во развој на мрежата на мобилна телефонија, изјави финансискиот директор на компанијата Андреас Граф за агенцијата Бета.

“Vip останува најголем гринфилд инвеститор во Србија, затоа што од ноември 2006 до сега се инвестирани преку 807 милиони евра, вклучувајќи 320 милиони евра за купување на лиценцата”, вели Граф.

Во првите три месеци од оваа година, Vip инвестирал шест милиони евра во Србија, најмногу во развој на мрежата на мобилната телефонија и во корисничкиот сервис. До крајот на годината ќе се посветат на дополнително унапредување на мрежата.

Граф за Бета најавил дека во второто тримесечје, во партнерство со финансискиот сектор, Vip на населението ќе му понуди иновативни банкарски услуги.