Следејќи ја својата заложба за целосен фокус кон корисниците и воведување на конвергентни услуги по мерка на корисникот, оне.Вип ја обновува понудата Вип Комбо со којашто сите нови корисници добиваат уште еден начин како да ги збогатат содржините во својот дом и да го направат уште позабавно место за себе и најблиските, се вели во соопштението.
“Со новата понуда, корисниците можат да го одберат за Вип Комбо С пакетот со месечна претплата од 1.199 денари во првите 12 месеци којшто нуди дигитална телевизија со еден приклучок, до 90 телевизиски канали од кои 10 HD, неограничен интернет со брзина до 30Mbps, фиксна телефонија со неограничени разговори кон сите национални фиксни броеви и кон корисниците на Вип тарифните модели и мобилна линија со неограничени разговори, СМС кон сите национални мрежи и 2GB мобилен интернет. Доколку корисниците сакаат да уживаат во телевизија со два приклучоци, до 120 телевизиски канали со 23 HD канали, неограничен интернет сообраќај со брзини до 50Mbps, фиксна линија со телефонија со неограничени разговори кон сите национални фиксни броеви и кон корисниците на Вип тарифните модели и мобилна линија со неограничени разговори, СМС кон сите национални мрежи и 2GB мобилен интернет можат да одберат Вип Комбо М со месечна претплата од 1.399 денари за првите 12 месеци“, стои во соопштението на Оне.вип.
Понудата е достапна за сите нови корисници со договор на 24 месеци во Скопје , Битола, Тетово, Гостивар, Куманово, Велес, Кочани, Штип и Прилеп на локации каде што постои техничка можност за користење на услугата.