Vip лани со најдобри резултати до сега

30

g_vip-1Vip вчера објави дека во 2012 година ги забележал најдобрите резултати до сега. Имено, мобилниот оператор ги зголемил приходите за 13%, а корисничката база на 632.000 корисници, со што достигнал пазарен удел од 27,3%.

Во 2012 Vip ја  зголеми својата претплатничка база за 11,5%, и ја зацврсти својата позиција како втор мобилен оператор на пазарот.

“Пет години по влезот на македонскиот пазар, Vip е горд на своите постигнувања и одличните резултати со кои потврдува дека е успешна приказна на Телеком Австрија Групацијата. Изминатата година покажа дека Vip цврсто стои на свои нозе и дека има сила и капацитет, дури и во услови на криза, да инвестира на македонскиот пазар за доброто на корисниците”, вели  Никола Љушев, Генерален извршен директор на Vip.

Вкупните приходите на Vip пораснаа за околу 13% на 60,3 милиони евра. Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (EBITDA) речиси двојно се зголеми и изнесува 12,1 милиони евра, што е водено пред се од континуираниот раст на корисничката база.

Оперативната добивка се подобри и изнесува 0,5 милиони евра, споредено со загубата од 10,3 милиони евра во 2011 година.

Минатата година мобилниот оператор инвестираше повеќе од 12 милиони евра на македонскиот пазар.