Во своето Vip Free+ тарифно портфолио, Вип воведува две нови тарифи Vip Free + Special и Vip Free + Special +, кои на корисниците им овозможуваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи во Македонија, 50 СМС пораки кон странство, како и 2 GB интернет вклучени во месечната претплата.
Со тарифниот модел Vip Free + Special +, за 699 денари месечна претплата, корисниците ги добиваат сите придобивки за неограничена комуникација, како и одлична можност да изберат паметен телефон по нивна желба и по привилегирани цени, со претплатнички договор на 24 месеци. Корисниците кои ќе ја одберат новата Vip Free + Special + постпејд тарифа до 31 јануари 2015 можат да ја искористат Новогодишната промотивна понуда Без претплата и рата за телефон сè до пролет.
Тарифниот модел Vip Free + Special е наменет за корисниците кои не сакаат договорни обврски и е достапен како тарифен модел достапен само со СИМ картичка, кој за месечна претплата од 599 денари им нуди на корисниците целосна слобода во комуникацијата.
“Во месецот на изненадувања, Вип воведува две нови тарифи кои со сигурност на корисниците ќе им овозможат слободна и неограничена комуникација по поволни цени, дома или пак со своите пријатели во странство. Овие две нови тарифи кои ги воведуваме во Vip Free + тарфино портфолио се уште една потврда дека умееме да ги препознаеме потребите и барањата на корисниците и соодветно да одговориме на истите каде и да се. Остануваме посветени на нашето ветување Повеќе за Вас и во 2015 година, а оваа новина е потврда за тоа“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.