Vip: Шест месеци бесплатен интернет за новите корисници

32

internet_surfanje_freeОние корисници на Vip операторот кои до крајот на февруари 2013 ќе склучат договор за широкопојасен мобилен интернет, во следните шест месеци ќе добијат бесплатно сурфање со 3G брзини на нивниот компјутер или лаптоп.

Според соопштението на Vip, откако тој период ќе истече, во зависност од избраната тарифа, корисниците ќе плаќаат само месечна претплата и тоа: 499 денари за вклучени 5 GB интернет сообраќај или 999 денари за вклучени 20 GB интернет сообраќај со супер 3G брзина.

Освен бесплатниот интернет, корисниците исто така бесплатно ќе добијат и еден од трите уреди за мобилен интернет од понудата на Vip: Vodafone Surf Stick, Vodafone 3G Mobile Connect или Vip 3G Home Connect.

Понатаму, се вели во соопштението, за да можат корисниците целосно да ги контролираат своите сметки, правилото останува непроменето, односно, по надминување на интернет сообраќајот вклучен во месечната претплатата, дополнително сурфање да не се наплаќа, туку само се намалува брзината.