Вип со две нови опции за роаминг

158

vip_roaming_241212_092650 (1)Телекомуникацискиот оператор Вип на своите корисниците во пресрет на летните одмори, им понуди две нови поволни опции за разговори во роаминг.

Со првата опција, која е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници, минута разговор од која било земја во странство кон сите мрежи во Македонија чини 9,9 денари.

Корисниците за да ја добијат оваа поволност, единствено што треба да направат е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*3897X XXX XXX#). Промоцијата е достапна за корисниците од вчера и ќе биде се до 30-ти септември годинава.

Втората специјална опција важи за постпејд корисниците, со која Вип им овозможува разговорот кога примаат повик во роаминг во Европските земји, да ги чини само 29 денари, без разлика колку долго зборуваат.

Цената за минута разговор од некоја од популарните туристички дестинации во соседните земји кон сите мрежи во Македонија чини 29 денари, додека цената за воспоставување на повик е 29 денари.

“Главната цел на Вип со овие роаминг тарифи е на нашите корисници да им овозможиме повеќе вредност, повеќе разговори и интернет за време на нивните летни одмори во странство, со поволни цени за опуштени разговори и без шокови од сметката потоа”, изјави Џакомо Тољони, главен маркетинг директор на Вип.