Вип со летна припејд понуда за туристите

34

vip530x290_040613_034756Мобилниот операторот Вип ја збогатува својата летна припејд понуда со ново специјално изненадување наменето пред се за корисниците кои летово ќе ја посетат Македонија.

Станува збор за нова Vip Prepaid Tourist понуда, која е достапна преку посебни Tourist SIM картички.

Понудата им овозможува на корисниците вклучени минути разговор со сите мрежи во Македонија, вклучени СМС пораки во земјава и кон странство, неограничен супер брз интернет и меѓународни разговори по цена од 9,9 денари/минута за повици кон 15 земји од Европа.

Поволностите од новата Vip Prepaid Tourist понуда важат до 30 септември 2013 година.