ВИП со нова корпоративна веб страница

206

Телекомуникацискиот оператор Вип вчера лансираше нова веб страница, која според соопштението, е иновативна и лесна за користење.

Како што вели соопштението на компанијата, новата веб страна доаѓа набрзо откако корпоративниот интернет сајт на Вип операторот беше прогласен за еден од најдoбрите комуникациски решенија на глобалната мрежа во својата категорија во Македонија.

Страницата ги содржи основните одлики и филозофија на брендот и внесува нова свежина во комуникација на Вип со корисниците, но и со целокупната јавност во Македонија и глобално.

Кон новата интернет страница на Вип се пристапува преку постојната добро позната адреса ww.vip.mk.

Веб страницата содржи и нови алатки како што е селекторот на тарифи, како и известување во реално време, а тука се и советникот за избор на соодветен мобилен уред, модулите за пристап до електронски услуги и грижа за корисници, се вели во соопштението на компанијата.