Vip со нова понуда Опција 0 во Vip

137

surfaj-od-mobilen-v2Мобилниот оператор Vip вчера соопшти дека ја збогати својата припејд понуда со нови тарифи и опции кои им овозможат на корисниците повеќе поволности.

Новата Опција 0 во Vip им овозможува на припејд корисниците неограничени разговори во мрежата на Vip, по цена од 79 денари неделно. За активирање на оваа опција корисниците треба да испратат SMS со содржина NEDELA на бројот 140 100.

Со новата Опција 0 кој сите, Vip им овозможува на своите припејд корисници и 50 минути разговор кон сите мрежи, само за 119 денари неделно. Се што треба да се направи за активирање на оваа опција е да се испрати SMS со содржина START на бројот 140 100.

Операторот исто така воведува и нови припејд тарифи за своите корисници.
Новата Vip Go тарифа на корисниците им нуди можност да зборуваат за 5,9 денари кон сите мрежи, со 2,9 денари за воспоставување повик и 5,9 денари за SMS.

Со тарифната опција Vip Talk пак, корисниците имаат можност да зборуваат, сурфаат, или да испраќаат SMS и ММS пораки за двојно пониска цена од 2,9 денари. Новите припејд корисници, Vip Talk тарифната опција ја добиваат автоматски при првиот повик, а тарифата се продолжува за наредните 30 дена со секое надополнување на сметката со најмалку 100 денари. Доколку по истекот на 30 дена корисникот не надополни најмалку 100 денари, преминува на Vip Go тарифата.