Телекомуникацискиот оператор ВИП соопшти дека во првиот квартал од годината бележи зголемување на пазарниот удел, при што добивката се зголемила, но приходите се намалени.
Во текот на првото тромесечје од 2014-та година, како што се наведува во соопштението, Вип ја зголемил својата база на договорни претплатници за 13% споредено со истиот период минатата година. Договорните претплатници сега сочинуваат половина од корисничката база на Вип. Според тоа, пазарниот удел на Вип порасна до 28% во првиот квартал од 2014 година.
Приходите, во првиот квартал од оваа година, забележаа пад од 12%, во споредба со минатата година, како последица од пониските малопродажни цени и цените за интерконекција.
“Трендот на опаѓање во индустријата ја наметнува потребата за целосно свртување кон корисникот и стекнување на неговата доверба и задоволство преку обезбедување на супериорно корисничко искуство и посветеност кон ветувањето на Вип – Повеќе за вас!”. Растот на нашата база на договорни претплатници е силен доказ за нашата долгорочна определба да го ставиме корисникот на прво место, нудејќи му најдобра вредност и да бидеме оператор кој нуди најдобро корисничко искуство на овој значително конкурентен пазар. Инвестициите на Вип во иновации наскоро ќе донесат нова брзина и нови возбудувања за нашите корисници со 4G LTE“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Вип.