Вип воведе веб корисничка поддршка за своите корисници

39

vip

Почнувајќи од денес, први на пазарот во Македонија, корисниците на Вип и другите посетители на веб страницата на Вип, ќе имаат можност да пребаруваат и на едноставен начин да ги најдат одговорите на нивните прашања преку веб корисничката поддршка на http://www.vip.mk/poddrska. За корисниците е отворен посебен дел за веб корисничка поддршка наречен “Поддршка”, каде што содржините се поделени на неколку главни теми  врз основа на барањата на корисниците.

Со ова, корисниците на лесен и едноставен начин добиваат информации и одговори за услугите на Вип кои се од нивен интерес преку веб база на знаење и дел на прашања и одговори. Веб услугата има интегриран пребарувач со опција за предлог резултат, при што корисниците можат да ги рангираат одговорите на прифатливи и неприфатливи, со што интерактивно се вклучуваат во креирањето на оваа база на знаење. Во рамки на веб корисничката поддршка, корисниците ќе можат онлајн да пополнат Контакт форма која понатаму автоматски се проследува до одделот за корисничка грижа на компанијата.

Ова решение е конфигурирано на начин да се прилагодува на корисничките потреби. Содржината во овој дел постојано ќе се ажурира со нови информации, видео материјали во зависност од она што го бараат корисниците.