Virgin Galactic продаде стотина карти за патување во вселената по цена од 450.000 долари

47

Компанијата за вселенски патувања Вирџин галактик во понеделникот објави дека од август продала околу сто карти за патувања во вселената по цена од 450.000 долари.

Претходно компанијата севкупно продаде околу 600 резервации по дена од 200.000 до 250.000 долари.

„Новата цена е „добро прифатена“, стои во соопштението во кое се потсетува дека целта е да се продадат 1.000 карти пред да се оствари првиот комерцијален лет во 2022 година.

„Одиме кон подобрување на фолтата со јаден план за тоа на кој начин ќе се зголеми издржливоста, доверливоста и предвидливоста на нашите летала за комерицијални услуги во текот на следната година“, рече Мајкл Колглејзер, извршен директор на Вирџин галактик.

Бренсон е првиот милијардер кој замина во вселената

Основачот на комапнијата, британскиот претприемач Ричард Бренсон, е првиот милијардер кој на 11 јули се вивна во вселената со летало од сопствената компанија.

Тоа го направи пред Џеф безос, кој во вселената полета нешто подоцна во ракетата „Њу шепард“, направена во неговата компанија Блу ориџин.