Virgin Galactic се подготвува за првиот туристички лет во вселената – акциите скокнаа повеќе од 40%

Компанијата за вселенски туризам на Сер Ричард Бренсон, Virgin Galactic, вели дека ќе го лансира својот прв комерцијален лет во вселената на крајот од овој месец.

Компанијата планира летот да го реализира од 27 до 30 јуни годинава. Акциите на Virgin Galactic скокнаа за повеќе од 40 отсто по објавувањето на веста.

Virgin Galactic продаде повеќе од 800 билети на луѓе кои сакаат да патуваат повеќе од 80 километри над Земјата. Летовите се дизајнирани да им овозможат на патниците поглед од вселената и да им овозможат да доживеат бестежинска состојба неколку минути. Летот чини 450.000 долари по лице.