Virgin Orbit не успеа да го лансира првиот британски сателит

29

Првиот обид за лансирање на сателит од Велика Британија не успеа во понеделникот нешто пред полноќ, кога компанијата за лансирање Virgin Orbit извести за „аномалија“ што ја спречи ракетата да стигне до орбитата.

Мисијата Start Me Up полета од пистата на аеродромот Cornwall Newquay со ракетата на Virgin’s LauncherOne носена под крилото на модифицираниот Боинг 747 и подоцна пуштен над Атлантскиот Океан.

Но, непосредно пред полноќ, претставник на Virgin Orbit во живо објави дека ракетата претрпела „аномалија“ што ја спречило да стигне до орбитата.

„Изгледа дека имаме аномалија што не спречи да стигнеме до орбитата. Ја проценуваме информацијата“, објавија од Virgin Orbit.

Ракетата требаше да го запали својот мотор на височина од околу 10 илјади километри над Атлантикот и да однесе девет мали сателити, со различни цивилни и одбранбени апликации, во орбитата на Земјата.

Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) ја овласти Virgin Orbit, делумно во сопственост на милијардерот Ричард Бренсон, да го изврши првото британско вселенско лансирање.

Стотици луѓе го следеа полетувањето на Боинг 747 со ракета во Њукеј околу 22 часот и 15 минути, додека од звучниците се огласи песната Start Me Up на Ролинг Стоунс, по која беше именувана мисијата.

Тоа требаше да биде прв пат сателитите да бидат лансирани од Европа.

Неуспехот задава дополнителен удар на европските вселенски амбиции откако италијанската ракета Vega-C не успеа по полетувањето од Француска Гвајана кон крајот на декември.