Виртуелен музеј на стари занаети

122

Сè повеќе занаети полека заминуваат во заборав бидејќи никој не сака да се занимава со нив, а лошата куповна моќ на населението принуди многумина да ги затворат своите работилници. Во настојување старите занаети да бидат спасени од заборав, наскоро во Босна и Херцеговина ќе биде отворен единствен виртуелен музеј на стари занаети.

Целта на овој проект, како што пренесува Akta.ba, е да се придонесе за зачувување на занаетите коишто повеќе не постојат. Преку виртуелна реалност и апликација, корисниците ќе можат да се запознаат со различни занаети. Освен тоа, може да добијат и информации за историскиот развој на занаетите во Сараево, да научат што работат занаетчиите чии имиња веќе се подзаборавени.

“Ова е интересна технологија, бидејќи е многу атрактивна, посебно на младите луѓе. Ги снимивме занаетчиите, нивните изјави и процесот на работа така што ова претставува еден вид на виртуелна архива на занаети. Ние планирано, ако имаме можност и средства, да опфатиме и други занаети и макар само во виртуелниот свет да ги имаме, бидејќи во реалниот свет повеќе не може да се сретнат“, вели Селма Ризвиќ, координаторка на проектот.

Пред неколку децении, старите занаети биле главен извор на приходи, но денес полека изумираат.