Visa ја купува платформата Tink за 1,8 милијарди евра

35

Една од најголемите глобални платежни системи во светот – Visa ќе ја купи шведската платформа Tink за 1,8 милијарди евра.

Tink е основана во 2012 година во Стокхолм и во неа работат околу 400 лица. Отворената банкарска платформа им обезбедува на банки, финтек компании и старт – ап фирми да развиваат финансиски услуги.

Преку својот API, Tink обезбедува клиентите да имаат пристап до финансиски податоци, да иницираат плаќања и да создаваат инструменти за лични финансии, објаснуваат од Visa.

Фото: Facebook