Висечко џакузи – лежалка полна со топла вода

169

hidro lezalka

Hydro hammock е лежалка што се полни со топла вода, може да се постави на било кое место и за кратко време функционира како џакузи.

Лежалката се поставува лесно и брзо, а за кратко време може да се наполни со 190 литри вода. При изработка на ова “џакузи“ се користени издржливи и водоотпорни материјали. Има и посебен систем со чија помош за половина час може да се загреат и до 100 литри вода.

Зад дизајнот на оваа лежалка стои Бенџамин Фредерик, кој својата идеја ја претстави на Kickstarter. Досега на оваа платформа се собрани 56.677 долари од 122 инвеститори.