Vision S – електричен автомобил на Sony

102

Јапонскиот технолошки гигант Sony го претстави Vision S, концепт на електричен автомобил.

Овој концепт своето деби го имаше на Меѓународниот саем за електроника (Consumer Electronic Show – CES) во Лас Вегас. Во развојот на Vision S, Sony доби поддршка од Nvidia, Continental, Bosch, ZF и Qualcomm, а механиката ја дизајнираше Nagna Steyr од Австрија, којашто во својата фабрика произведува модели на познати светски автомобилски брендови, како што се Toyota Supra, BMW Z4, Mercedes G class и други.

Во овој автомобил има современ систем за автономно возење, составен од 33 сензори за детекција на пешаци, возила и други објекти, додека кабината со голем стаклен покрив нуди комфорно возење за четири лица.

Vision S ќе има два електромотори од по 272 коњски сили и има забрзување од нула до 100 километри на час за 4,8 секунди, додека неговата максимална брзина е 240 километри на час.

Командната табла е огромен дисплеј што се протега низ целата ширина на возилото,  а има и два екрана од страните што се замена за традиционалните странични ретровизори.

Она по што овој автомобил ќе биде препознатлив, а е личен печат на Sony, е звучниот систем, односно 360 Reality Audio, којшто нуди супериорно аудио уживање без оглед на позицијата во автомобилот.

Фото: Sony.net