Виски со вкус на јаболко

78

B1JBxIrCYAAXmh7Откако пред неколку години го зачинија нивното виски Crown Royal со јаворов сируп, сега канадските производители решија да му додадат арома на јаболко.

Станува збор за мешавина на сок од јаболко и Calvados, бренди од јаболко, кое се произведува во Нормандија, Франција.

B0FJE5XCYAAS-46

За да се произведе ова виски, јаболката Регал (Regal Apple) се потопуваат во вода и алкохол. Потоа смесата се дестилира и се прави “специјална селекција” која се меша за да се добие саканиот вкус на вискито, кое освен јаболковата арома, содржи и ноти на карамел.

Овој жесток и вкусен пијалок се служи само со мраз или како додаток во коктел. Шишето виски е спакувано во кутија со боја на смарагд и се продава по цена од 24,99 канадски долари.