Виски тура од милион долари

34

18609_102_zХотелот Oxford во Денвер, Колорадо, годинава прославува 125 години постоење и по тој повод нуди два ексклузивни пакети, пишува Daily Mail. За таа цел менаџментот склучи партнерство со Laws Whiskey House – Куќа посветена на овој префинет пијалок, исто така со седиште во Денвер.

Оние што ќе го одберат Super VIP пакетот ќе добијат прва класа повратни авионски билети за било каде во САД и две вечери во Претседателскиот апартман на хотелот.

Штом ќе пристигнат во хотелот, ќе им биде понудено виски во лимузина што ќе ги однесе во Laws Whiskey House каде основачот на Куќата Ал Лос, ќе им обезбеди тура низ неа, како и дегустација на одбрани ретки вкусови.

whiskey in a rocks glass on top of a barrel.jpg.660x0_q85

Ќе можат да пробаат ексклузивно издание на бурбон направен од четири житарки, а потоа ќе следува и вечера со виски документирана од професионален фотограф. Кога ќе се вратат во апартманот, гостите ќе најдат шише бурбон стилизирано специјално за нив.

Љубителите на виски кои сакаат малку повеќе, за еден милион долари ќе можат да го добијат вториот пакет – Oxford Laws Million Dollar VIP.

Ова виски искуство ги вклучува истите погодности како и првиот пакет и дополнително нуди бурбон изработен по специјален рецепт според нарачка и четири буриња од овој пијалак, со посвета од производителот, што ќе можат да си ги однесат дома.