VisMedic – српска платформа за телемедицина

40

stetoskop-pixabay

Фото: Pixabay

VisMedic е платформа за телемедицина, единствена од таков вид во југоисточна Европа, што им овозможува на пациентите во Србија и во регионот да имаат видео консултации со лекари, пишува Екапија.

Видео консултациите со лекарите преку VisMedic засега ја користат пациенти од земјите од поранешна Југославија, како и голем број иселеници од тие земји.

Главната идеја и целта на оваа платформа за телемедицина е да се намалат проблемите во здравството, преку олеснет пристап до врвна здравствена заштита на сите луѓе без оглед на тоа каде се наоѓаат и сето тоа по достапни цени. VisMedic е едноставна за користење, а пациентите доволно е да имаат компјутер, веб камера и интернет врска. Услугата може да се користи и преку мобилен телефон. Целта на VisMedic не е да ги менува навиките на пациентите, туку да им обезбеди безбедна алатка преку којашто ќе дојдат до професионален и персонализиран здравствен совет од експерти.

Овој старт – ап го основаше Јован Пауновиќ од Србија на основа на лично искуство, а платформата е активна од 2015 година.