Со импресивен поглед на океан и прекрасно опкружување, Casa Fryzer не само што важи за најскапиот имот во Мексико, туку и за еден од најубавите во светот. Вилата зафаќа површина од 1.000 метри квадратни, има простран и грандиозен инфинити базен и е за прв пат ставена на продажба.
Вилата е изградена во 2008 година, а вклучува шест спални соби, осум бањи, декорации од венецијански гипс во ентериерот, како и гурманска кујна конструирана во Германија.
Големиот базен има и бар, специјален систем за осветлување, инфинити џакузи со десет места, трпезариска маса и подводни звучници, што го прави идеално место за забави на вода.
Едната страна од базенот е опремена со дрвена ложа и вграден камин, додека од другата страна се наоѓаат одвоени ложи со камин што одлично го надополнува гледањето на филмови во киното на отворено.
Мастер спалната соба е со површина од 200 метри квадратни, а тука се наоѓа и отворено – затворен дневен простор што се отвора кон приватна тераса со џакузи осветлена со LED светилки, бар и бања со туш на пареа. Покрај тоа имотот вклучува и сала за вежбање, приватно кино и играчница.