Вистински раскош – најскапата вила во Мексико

6

luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila-99Со импресивен поглед на океан и прекрасно опкружување, Casa Fryzer не само што важи за најскапиот имот во Мексико, туку и за еден од најубавите во светот. Вилата зафаќа површина од 1.000 метри квадратни, има простран и грандиозен инфинити базен и е за прв пат ставена на продажба.

Вилата е изградена во 2008 година, а вклучува шест спални соби, осум бањи, декорации од венецијански гипс во ентериерот, како и гурманска кујна конструирана во Германија.

Големиот базен има и бар, специјален систем за осветлување, инфинити џакузи со десет места, трпезариска маса и подводни звучници, што го прави идеално место за забави на вода.

Едната страна од базенот е опремена со дрвена ложа и вграден камин, додека од другата страна се наоѓаат одвоени ложи со камин што одлично го надополнува гледањето на филмови во киното на отворено.

Мастер спалната соба е со површина од 200 метри квадратни, а тука се наоѓа и отворено – затворен дневен простор што се отвора кон приватна тераса со џакузи осветлена со LED светилки, бар и бања со туш на пареа. Покрај тоа имотот вклучува и сала за вежбање, приватно кино и играчница.

luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (2)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (4)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (15)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (3)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (10)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (17)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (12)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-meksiko-najskuplja-vila (1)