Виталиа го имплементира IFS меѓународниот стандард за квалитет и безбедност на храната

37

Vitalia IFS Standard

Виталиа е првата компанија за здрава храна во Македонија, која го имплементира реномираниот IFS (International Food Standard) меѓународен стандард за квалитет и безбедност на храната. Со исполнување на условите за добивање на овој престижен сертификат се олеснува пристапот до пазарите на Европската унија.

“Воведувањето на IFS стандардот на компанијата Виталиа ќе ѝ помогне за подобрување на комуникацијата со трговците кои ги снабдуваат големите европски маркети и синџири на продавници. Овој стандард во Европа доведе до масовна примена: од една страна поставен како пазарна бариера, а од друга страна, како супериорна стратегија за унапредување на конкурентноста и ефикасноста, намалувањето на трошоците и долгорочно одржливиот развој”, велат од компанијата.