Компанијата за здрава храна Виталиа, која оваа година слави јубилеј 20 години, во рамките на роденденската кампања организира бесплатно советување кое ќе се случува во продавницата здрава храна на Виталиа, лоцирана кај Клинички центар на улица 50-та дивизија бр 16, секои среда и петок од 12 часот.
Сите заинтересирани ќе добијат едиствена можност да слушнат нешто повеќе за здравата храна, начинот на консумација и подготовка на истата, како и важноста на храната која секојдневно ја внесуваме од нутриционистичкиот тим предводен од д-р Нела Деспотовска, доктор по општа медицина и нутриционист во Виталиа.
Со ова, компанијата Виталиа уште еднаш потврдува дека е општествено одговорна компанија која во изминативе 20 години посветува особено внимание на своите крајни потрошувачи, нудејќи им исклучиво здрави производи, но и едуцирајќи ги за важноста на здравата храна и исхрана.