Виталиа со 15% раст на извозот во првите 8 месеци од 2018

23

Компанијата Виталиа оствари раст на извозот од 15% во првите 8 месеци од 2018 година во споредба со истиот период лани. Компанијата го зголеми и бројот на вработени за 25%, континуирано инвестирајќи и во самиот процес на производство. Растот се бележи на извоз на поширок асортиман на производи, пред се во категоријата на производи без шеќер, протеински производи и безглутенски производи

Домашниот пазар е мал за производствените компании чиј таргет е континуиран раст и развој и оттука тие мора да се насочат кон странските пазари. Виталиа има амбициозна цел до 2025 год. да го дуплира извозот и истиот да учествува со повеќе од  95% од вкупниот промет на компанијата.

Виталиа континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија, и присутна е на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии.

Денес брендот е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и на светската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

Компанијата извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели…

Оваа година е јубилејна, Виталиа слави 25 години на македонскиот пазар.