Компанијата за здрава храна Виталија, вчера во присуство на своите соработници, бизнисмени, љубители на здравиот живот и приврзаници на брендот го прослави својот 20-ти роденден.
Прославата на јубилејната годишнина на компанијата се одржа во ресторанот Ден и Ноќ, со повеќе од 150 гости и со присуство на целиот тим.
За време на прославата беа промовирани сите проекти на компанијата, новите производни линии, успеси, саемски претставувања, општествено одговорни кампањи, како и награди и признанија.
Истовремено, Градот Скопје ги доделуваше признанијата за 2012 година, за престижната награда 13 Ноември, а компанијата Виталија се закити со една од иститие.
Наградата беше доделена за проектот 5-ка за здрава храна – проект за едукација на младата популација за здрава храна и практикување здрав животен стил за здрави идни генерации. Со оваа награда Виталија се потврди како општествено одговорна компанија со јасна стратегија за унапредување и вложување во заедницата.
“Да се работи 20 години со визија за лидерство во производството на здрава храна и исполнување на таа визија е голем успех. Дваесет години ги препознаваме потребите на потрошувачите и успешно ги реалзираме во финален производ, создавајќи здрава храна за секого и за сечиј дом. Во овие 20 години бевме присутни на сите саемски случувања, ги следевме новитетите во прехранбената технологија и ги применивме кај нас. И сето тоа со цел да понудиме квалитетен здрав и вкусен производ со додадена вредност за нашите конзументи. Во овие 20 години ја негувавме хуманоста, помагаме, донираме, едуцираме, впрочем тоа ги исполнува нашите срца и дополнително не мотивира да продожиме со нашата благородна мисија – со здрав храна да создаваме здрави генерации“, изјави вчеравечер Искра Ветаџокоска Муцунска, управител и косопственик на Виталија.
Корпоративната прослава е само дел од роденденската кампања на компанијата која до крајот на месецот ќе организира уште неколку изненадувања за своите потрошувачи.