Вработените во Витаминка го добија регресот за годишен одмор, познатиот К – 15. Витаминка е една од првите компании од приватниот сектор во Македонија што го исплати годишниот регрес.
Во компанијата, најголем домашен производител на кондиторски производи работат повеќе од 576 луѓе.
“Воведувањето на исплатата на К – 15 како законска обврска е за поздрав затоа што и вработените во приватниот сектор подеднакво ги заслужуваат овие бенефиции. Тоа е и награда за вработените што ние претходно го практикувавме преку други начини и стимулации. Одлучивме што побрзо да го исплатиме, пред годишните одмори, за да можат вработените вистински да уживаат во непланираната добивка. Исполнувањето на обврските кон вработените не е новост за Витаминка, независно дали станува збор за законска обврска или наши активности.”, изјави Сашо Наумоски, генерален менаџер на Витаминка.
Законската обврска за исплата на годишниот регрес официјално започна на први јуни, а крајниот рок е до крајот на годината. Исплата на регресот произлегува како обврска за работодавците од Општиот колективен договор за стопанството. Висината на истиот е утврдена на 40% од просечната републичка нето-плата за претходниот месец.