Витаминка го прошири својот пазар кон Обединетите Арапски Емирати, извезувајќи ги корнфлексите “Дардо” и “Чока Мока” и на арапскиот пазар.
“Нашата компанија отсекогаш била извозно ориентирана, тоа го покажува и процентот на извоз што е речиси 50% од нашето производство. Со извозот во Обединетите Арапски Емирати отвораме дополнителен пазар од осум милиони потрошувачи. Секако, нашиот пласман на светскиот пазар не застанува тука, бидејќи визијата на тимот на Витаминка е да работиме на експанзија и промоција на нашите производи секаде низ светот”, изјави Љупчо Велески, директор на извоз на Витаминка.
Покрај извозот во Обединетите Арапски емирати, Витаминка започна и извоз на Чоко стоби флипс во Саудиска Aрабија. Со овој чекор, Витаминка го проширува својот пазар за дополнителни 28 милиони потрошувачи.
Досега, Витаминка ги извезува своите производи во над 25 земји, станувајќи препознатлив бренд и надвор од границите на нашата држава. Кон тоа секако придонесува квалитетот на нивните производи. Едни од најпрепознатливите се секако крцкавите корнфлекси од пченка Дардо и Чока Мока, кои се погодни за појадок на децата и целото семејство и претставуваат здрав и лесен за приготвување оброк.