Компанијата Витаминка од Прилеп оствари нето добивка во висина од 21.656.000 денари, покажува неревидираниот Биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, Витаминка оствари нето добивка од 12.690.000 денари, што е за 8.966.000 денари пониски од оваа година.
Од почетокот на годината до 31-ви март, Витаминка оствари приходи 363.832.000 денари, од кои на домашен пазар се 206.837.000 денари, додека остатокот од 156.995.000 денари е реализиран на странски пазар.